ФЦСБ – Шкендија 1:1 е резултатот после првото полувреме од реванш мечот во 2.квалификациско коло во ЛШ во Букурешт. Ова значи дека нашиот шампион сеуште ја има севкупната предност по оние скопски 1:0 за Шкендија. Сега резултатот севкупно е 2:1 за Шкендија.
Стрелец на голот за 1:0 беше Чисоти во 28.минута откако домашните искомбинираа убава акција.
Претходно голема шанса имаше Бирлигеа во 10.минута, но тој биеше со глава над голот.
Шкендија во 14.минута можеше да донесе радост, но за малку беше непрецизен.
И тогаш во таа 33.минута по еден карамбол, Љатифи прекрасно се снајде и го израмнува резултатот.
Шок на Националната Арена во Букурешт.