Виктор Ѓокереш е веќе “топчија“, но Арсенал не мисли да застане тука во поглед на засилувањата во нападот. Микел Артета и дефинитивно ќе тргне по титулата во Премиерлигата, а за тоа му е неопходен уште еден екстра квалитетен напаѓач.
Веќе подолго време се шпекулира со Еберичи Езе, напаѓачот на Кристал Палас за кого откупната клаузула изнесува 70 милиони евра.
Преговорите се обновени меѓу двете страни, а Арсенал би сакал ако може веднаш да уплати 40 милиони евра а остатокот на три рати.
Сега на потег е Кристал Палас кој треба да одлучи дали ќе ја прифати оваа понуда на Арсенал.
И со Езе во нападот, секако дека Микел Артета ќе има страшен тим кој би можел конечно по долга пауза да го освои трофејот во ПЛ.