Седлоски: Во Скопје беше само првото полувреме, дојдовме да ја довршиме работата

159

Официјалната прес конференција на ФК Вардар во Лозана пред утрешниот реванш дуел од второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции само што мина. Тренерот Гоце Седлоски за утрешниот дуел од 20:15 часот на стадионот во Лозана, очекува добро издание на неговиот тим, кој што во Скопје покажа дека и тоа како може да се носи со сериозниот противник.

„Одигравме само едно прво полувреме од овој двомеч. Далеку дека било што е готово. Ние одиме утре да покажеме што можеме и колку можеме. Вардар ќе тргне максимално ангажирано, одговорно и прагматично. Ќе се обидеме максимално да сме фокусирани, и да ги искористиме шансите“ – го отвори Седлоски пресот.

Швајцарците прашуваат само за вештачката трева

Претставниците на домашните медуми единствено што ги интересираше е дали утре ќе настапи Горан Закариќ, односно дали Вардар е подготвен за вештачката трева.

„Горан Закариќ е со нас во тимот исто така како што беше и во Скопје. По денешниот тренинг ќе одлучам што и како околу составот. Што се однесува до вештачката трева, ние сме оодготвени на се. Трениравме на неа, вештачки терен имаме во нашата база. Тоа воопшто не е тема за нас. Ние гледаме да одиграме како што знаеме и умееме, како што покажавме и во Скопје. Посакувам доба меч, против сериозен ривал. Па нека победи подобриот“ – изјави Седлоски.

 

ПретходноПознати се стартните состави: Беќири не експериментира со првите единаесет!
СледноПреговорите се обновени: Арсенал на чекор до ново екстра засилување!