Србљак елиминиран во 1.коло во Куршумлијска Бања!

20
ФОТО: Teniska federacija na Makedonija

Македонскиот тенисер Горазд Србљак по трите победи во квалификациите, денеска го одигра и мечот во првото коло на ИТФ М15 турнирот во Куршумлијска Бања. Тој загуби од Аргентинецот Лоренцо Гаљардо со 2-0 во сетови (62 60).

Србљак имаше исцрпувачки мечеви во квалификациите и сите три ги доби играјќи решавачки сет на поени. Во финалето од квалификациите тој вчера доцна попладне го победи Италијанецот Кристијан Кампесе со 2-1 во сетови (26 75 и 10-5 на поени). Претходно оствари две победи против Марко Николиќ од Србија и Андреј Куницин.

На турнирот настапува и Калин Ивановски кој во првата рунда игра против Фразлер Ренгифо од Колумбија.

ПретходноЗа мечот со Романија: Селекторот Илиевски го скрати списокот на играчи во ростерот!
СледноОмерагиќ, Пандев, Ибраими… на денешната ждрепка за новата сезона!(ФОТО)