Тренерот на ФЦСБ со порака: “Моите играчи ќе го дадат и својот живот за да ја победат Шкендија“!

166
ФОТО: FCSB/FB

И дефинитивно Шкендија вечерва во Букурешт ја чека пеколна атмосфера. Од таборот на ФЦБС се најавува голема борба, се бара поддршка од трибините, а луѓето од таборот на некогашниот европски првак по секоја цена ја “палат“ атмосферата.

Па така вчера на пресот тренерот на ФЦСБ, Кипранецот Елијас Хараламбус, кажа нешто што е малку чудно за наши услови. А тоа дека неговите играчи демек ќе го даделе и својот живот за да ја победат Шкендија:

Ова е многу важен натпревар за клубот и за навивачите. Убеден сум дека играчите ќе го дадат својот живот за да победат во овој натпревар. Момците се подготвени и фокусирани на овој натпревар. Мораме да дадеме сè утре, за да ги направиме среќни навивачите кои ќе бидат на стадионот.“

Од друга страна ова може да е и добро за четата на Јетон Беќири. Ова покажува дека домаќинот е под страшен притисок, дека се освен минување во следна фаза ќе биде кататстрофа за нив. Секако дека ова е доказ дека тие и стравуваат од Шкендија.

ПретходноШвајцарските медиуми веруваат во пред се во Диакате
СледноЛуис Дијаз и официјално во Баерн до 2029 година