Од Лозана, Швајцарија за Спортспорт, Огнен Чак Дојчиновски
Веднаш по официјалната прес конференција на Вардар, играчите предводени од тренерот Гоце Седлоски, излегоа на теренот на стадионот во Лозана да го одработат официјалниот тренинг пред утрешниот реванш дуел од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции против истиоимениот противник.
Теренот на овој убав стадион е вештачка да, но тоа на Вардар не му менува ништо. Тренерот Седлоски нагласи дека тоа што подлогата е несекојдневна за наши услови не го става Вардар утре во подредена улога.
„Што се однесува до вештачката трева, ние сме оодготвени на се. Трениравме на неа, вештачки терен имаме во нашата база. Тоа воопшто не е тема за нас. Ние гледаме да одиграме како што знаеме и умееме, како што покажавме и во Скопје. Посакувам доба меч, против сериозен ривал. Па нека победи подобриот“ – изјави Седлоски.
