Швајцарските медиуми веруваат во пред се во Диакате

233

Од Лозана, Швајцарија за Спортспорт, Огнен Чак Дојчиновски

Дека јавноста во Швајцарија е опседната со претстојниот дуел од второто квалификациско коло од Лигата на Конференциите помеѓу екипите не Лозана и Вардар и не е баш така. Лозана ниту е Базел, ниту Грасхоперс, екипите со најголема база на навивачи во оваа земја, и екипите кои се фудбалски авторитети овдека.

Сепак, Лозана е клуб кој што е во подем и кој што има свој амбиции и план за резултатски раст. Тие план летово очигледно ќе им го расипе тимот на Вардар, од кого швајцарците веројатно најмалку очекуваа дека ќе имаат проблеми.

Тоа нас, најмалку не интересира. Вардар пристигна синоќа во својата база во Лозана, со предоноста од Скопје, од 2:1, која што планира да ја сочува односно да биде клучна во пласманот во следната фаза.

Од друга страна пак, домаќинот е под голем притисок, очекувањата сезонава се големи, европскиот успех во нив има голем удел, а се ќе падне во вода при евентуалната елиминација од Вардар.

Медиумите кои се бават со тимот на Лозана, велат дека клучен момент на реванш дуелот со Вардар треба да има младиот Гаосу Диакате. Момчето кое што го постигна единствениот гол за Лозана во Скопје, а потоа беше двоен стрелец и викендов против тимот на Винтертур кога спаси победа во последните секунди од мечот за конечни 3:2.

Трите гола во серија на напаѓачот, јавноста смета дека се и повеќе од доволни да му се даде главната улога во тимот на репрезентативецот на Мали и со него да се нападне голот на Вардар.

 

ПретходноЃоргиев го пречека Вардар во базата во Лозана: Вардар може многу, тоа го покажа во Скопје
СледноТренерот на ФЦСБ со порака: “Моите играчи ќе го дадат и својот живот за да ја победат Шкендија“!