Јетон Беќири за ароганцијата на директорите на ФЦСБ “Не ми е гајле што изјавуваат во медиумите“!

1891

Јетон Беќири ќе биде запаметен како прв тренер кој ја однел Шкендија во групна фаза или Лигашка фаза на едно европско натпреварување. Успеа со својот тим да го победи ФЦСБ среде Букурешт со 2:1 и со севкупни 3:1 да се пласира во 3.квалификациско коло во ЛШ.

Голем, фантастичен успех за него и за сите во Шкендија.

По мечот на пресот секако дека изјави дека е среќен, им се заблагодари на играчите.

На прашање на новинарите што мисли за арогантните изјави на првите луѓе на ФЦСБ, тој одговори:

Се чувствувам многу добро бидејќи сакав да ги почитувам и тимовите од третата лига против кои играв. За мене е многу важно да го дадеме својот максимум, да работиме секој ден. И да ги почитуваме сите противнички тимови. Така се почитуваме себеси. Знаев дека ако не постигневме гол во првото полувреме, ќе имавме шанси во второто полувреме. Понекогаш чувствував дека противниците се арогантни. Но, не ми е гајле за овие работи. Ги почитувам сопствениците, менаџерите и играчите на противничкиот тим. Но, не ми е гајле што велат во медиумите“

ПретходноБекали во очај не знае што збори: “Шкендија е тим од дивизија Ц“
СледноОткако го елиминираа ФЦСБ: 300.000 евра премија ќе поделат играчите на Шкендија!