ФЦСБ – Шкендија 1:2 е епилогот од реваншот во Букурешт. Шкендија успеа среде Букурешт да ја “ТРЕСНЕ“ Стеауа и со тоа да оствари историски пласман најмалку во групната фаза или Лигашката фаза во ЛК.
Засега продолжува во 3.коло во ЛШ.
Фанастичен успех, победа извојувана со супер головите на Љатифи, а посебно ќе се памети оној на Крстевски за 1:2, за победа во 88.минута.
Овој реванш започна со лесна теренска иницијатива на домашниот тим, но не со толкав притисок каков што се најавуваше. И првата шанса дојде во 10.минута кога Бирлигеа со удар со глава од некои 7-8 метри опасно се закани, но за среќа топката отиде над голот. Во следниот напад Чисоти опасно шутираше, но само над голот на Гаје. Во 14.минута Бесарт Ибраими мораше подобро кога одлево се најде во изгледна ситуација, но сантиметри го делеа од водство на Шкендија.
И тогаш во таа 28.минута Романците искреираа прекрасна акција, која со гол ја заврши Чисоти за 1:0 за ФЦСБ и за радост на трибините.
Шкендија по тој гол малку почна да игра, да дојде до голот на домашните, а по еден карамбол во таа 33.минута Љатифи најдобро се снајде за 1:1, за израмнување.
Па така со тие 1:1 или севкупно 2:1 за Шкендија, се замина на пауза.
ИБРАИМИ ПАК СО СУПЕР ШАНСИ
Второто полувреме започна со опасен удар на Михаи Попеску, но за среќа на тетовци, немаше гол. Врати со уште една прекрасна шанса Ибраими, исто оддлево, исто сам, но сега и голманот Тарновану со фантастична парада го спасува својот гол.
Евидентно е дека нервозата од минута во минута растеше кај домашниот состав. Навивањето од трибините беше се потивко. Сепак има уште многу да се игра, ништо уште не е готово.
Штета, во таа 63.минута и Тамба имаше шанса за 1:2, но сега среќата беше на страната на домашниот состав.
Нема дилеми. ФЦСБ немоќен, Шкендија игра мудро и ги чува тие 1:1 што во целост и одговараат.
Само вака да продолжи.
ФЦСБ се обидуваше, се трудеше, се закануваше на моменти и со нелогични удари кон голот на Гаје. И дефинитивно домашните фудбалери беа немоќни.
Неверојатна, супер шанса на Бесарт Ибраимо во 80.минута. Прекраскна акција на тетовци, Бесарт имаше зиецер и промаши од само 10 метри.
Штета, штета, штета.
И ТОГАШ ВАНЕ ФАНТАСТИКО
И тогаш се играше 88.минута кога Ване Крстевски со фантастичен гол донесе 1:2, донесе голема и еуфорична радост во нашиот тим.
Уф, каков супер гол на Крстевски.
2.квалификациско коло во ЛШ – реванш(прв меч 0:1)
ФЦСБ – ШКЕНДИЈА 1:2 (1:1)
Национална Арена во Букурешт. Судија: Олексеј Деревенски (Украина). Стрелци: Чисоти 28.(ФЦСБ), Љатифи 33., Крстевски 88. (ШКЕ).
ФЦСБ: Тарновану, Крецу, Нгезена (74. Граовац), М. Попеску, Радуновиќ, Кирикеш, Шут (70. Баба Алхасан), Микулеску (70.Политиќ) О. Попеску (46. Алибец), Чисоти, Бирлигеа.
ШКЕНДИЈА: Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер (89. Ајети), Р. Рамадани, Алхасан, Красниќи (69.Зејнулаи), Тамба (89. Мурати), Љатифи (69.Крстевски), Ибраими (83. Адеми).