По оваа вечерашна фантастична партија на нашиот шампион и победа од 1:2 среде Букурешт, еве јавно македонската јавност го прашува каде е сега тој Џиџи Бекали, сопственикот на Стеауа?
Цела недедела се фалеше дека не се плаши од Шкендија, дека неговиот тим ќе и даде три – четири головик, дека ова, дека она.
А Шкендија не само што го победи во Букурешт со 1:2 туку и целосно го демолира неговиот тим.
Играчки, карактерно, умешно. Оној негов ФЦСБ не се виде. Романците безглаво јуришаа, а имаа и среќа. Само Бесарт можеше да им стегне хет-трик.
Но послатко е вака.
Ех, Бекали, Бекали….другпат немој така.