Познати се стартните состави: Беќири не експериментира со првите единаесет!

165

На нешто повеќе од еден час од стартот на реванш мечот од 2.квалификациско коло во ЛШ, меѓу ФЦСБ и Шкендија, познати се и стартните состави кои ги одредија двајца тренери Елијас Хараламбус и Јетон Беќири.

Кипранецот на клупата на романскиот гигант имаше проблеми со играчкиот кадар, но сепак се одлучи за овие единаесетмина:

ФЦСБ: Тарновану, Крецу, Нгезана, Попеску, Радуновиќ, Кирикеш, Сут, Микулеску, Попеску, Чисоти, Бирлигеа.

За разлика од него, тренерот на нашиот шампион, Јетон Беќири не можеше да смета само на Камер Ќака поради суспензија, па така ова е неговиот избор:

ШКЕНДИЈА: Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Алхасан, Р. Рамадани, Тамба, Красниќи, Љатифи, Ибраими.

Мечот на Националната Арена во Букурешт започнува во 19.30 часот. Шкенндија влегува со предност од 1:0 од првиот меч. Севкупниот победник ќе игра во третата рунда и ќе оствари најмалку пласман во лигашката фаза во ЛК, додека елиминираниот тим ќе игра против Дрита во рамките на 3.коло во ЛЕ.

Судија на средбата во Букурешт ќе биде Олексеј Деревенски од Украина.

ПретходноДончиќ е ЛЕГЕНДА…. Мики Милане среде Њујорк и кош погоден од столче (ВИДЕО)
СледноСедлоски: Во Скопје беше само првото полувреме, дојдовме да ја довршиме работата