Пораз на Македонија на втората контрола во Софија

160
ФОТО: Odbojkarskka federacija

Македонија со 0:3 (19:25, 23:25, 21:25) загуби од Бугарија во вториот пријателски натпревар кој денеска го играа репрезентациите во салата „Левски“ во Софија. Како и на првиот тест вчера, така и денеска, средбата беше зад затворени врати, а во договор меѓу селекторите беше одигран и дополнителен четврти сет, кој нашите одбојкари го загубија со 25:27.

По вчерашниот одличен меч, со денешната игра репрезентацијата покажа на кои слабости во играта и во тактиката треба да се посвети внимание во пресрет на квалификациските дуели со Грција и Грузија. Селекторот Јошко Миленкоски им даде одново шанса на сите кои ги имаше на располагање.

Капитенот Никола Ѓоргиев со 14 поени беше најефикасен, додека Стојан Илиев и Лука Костиќ имаа по 10, а Александар Љафтов и Филип Савовски освоија по шест поени.

Репрезентацијата попладнево се враќа во Македонија, односно во Скопје, каде ќе ги продолжи подготовките за евро-квалификациите.

ПретходноДавид Даилоски доби македонски пасош и ќе игра во квалификациите
СледноЛШ: Шкендија има најмалку пет милиони причини да испише историја!