Тимот на Тиквеш го потврди 35. годишен некогашен репрезентативец на Нигерија, играчот за врска Чуквума Абакуезе како најновото засилување.
Овој фудбалер кој последно играше во Турција за екипата на Санлиурфаспор, заедно со нашиот Стефан Ашковски пристигна во Кавадарци и официјално стави потпис.
Абакуезе дел од својата кариера ја минал и во екипи како Генџербирлиги, Умранијеспор, Болуспор, а бил и на Кипар. Има авантура и во Кина, во тимот на Вухан.
Европската авантура пак ја започнува во сезоната 2011 година кога доаѓа во Норвешка и потпишува за тимот на ОДД Гренланд, за да потоа игра и за тимот на Бран Берген.
Вреди да се напомене дека Чуквума Абакуезе има осум настапи и пет гола за У20 репрезентацијата на Нигерија до 20 години и два настапи и еден гол за А репрезентацијата на оваа земја.
„Со богата кариера зад себе и јасна мотивација пред себе, Акабуезе ќе биде големо засилување и значаен адут за ГФК Тиквеш во претстојната сезона. Добредојде во нашето семејство, Чуквума“, порачуваат од Тиквеш.