Чурлинов на пат за Ајнтрахт Франкфурт

728

Дарко Чурлинов летово мора да пронајде клуб каде што ќе ја продолжи својата кариера на ниво кое го ветува целата своја кариера.

Чурлинов одработи една позајмица во Јагиелонија, мина сосема солидно, но враќање во Барнли и сериозна минутажа едноставно не е опција.

Од друга страна, неговата откупна клаузула воопшто не е мала, па и тоа претставува проблем, но конекциите кои што менаџерската агенција на Чурлинов ја има пред се во Германија ветува поволен развој на настаните за нашиот репрезентативец.

Чурлинов одработи добар мандат во Шалке 04, па и одттаму одредениот интерес за него од Бундес лигата.

Како што дознава Спортспорт, тој има опција да се пресели во тимот на Ајнтрахт Франкфурт, а доколку тоа не се оствари, има опции за негов трансфер и во Шпанија односно Португалија.

 

ПретходноРоманците најавуваат пекол за Шкендија, ама во Букурешт ќе се навива и за тетовци!
СледноСе бара вториот позитивен резултат на швајцарско тло, Вардар има златна шанса за историја