Шкендија сега оди по плеј-оф во ЛШ: Првиот меч со Карабах се игра на 5/6 август во Скопје!

1174
ФОТО: KF Skendija/FB

Еве, конечно. По фантастичниот успех на Вардар во таа 2017 година кога успеа да се пласира во групната фаза во Лига Европа, мак-фудбалот дочека нов успех, исто така фантастичен. Шкендија си обезбеди најмалку лигашка фаза (по старо групна фаза) во Лигата на Конференции.

Си обезбеди и најмалку 5 милиони приход и долг есенски настап вп Лигата на Конференции, најмалку.

Сепак како играше Шкендија вечерва предводена од маестралниот тренер Јетон Беќири можеме да сметаме дека нашиот шампион нема да се задоволи со ова.

Шкендија сега во рамките на 3.квалификациско коло во ЛШ ќе ги одмери силите со Карабах од Азербејџан. Првиот меч се игра во Скопје на 5/6 август.

И ако ја мине оваа пречка тогаш ќе игра плеј – оф во Лигата на Шампионите или најмалку во Лигашката фаза во Лигата на Европа, или групната фаза во ова натпреварување.

ПретходноКаде е сега тој Џиџи Бекали што ќе и дал три-четири гола на Шкендија?!
СледноТиквеш го потврди Чуквума Абакуезе