Ѓоргиев го пречека Вардар во базата во Лозана: Вардар може многу, тоа го покажа во Скопје

2049

Од Лозана, Швајцарија за Спортспорт, Огнен Чак Дојчиновски

Експедицијата на Вардар синоќа пристигна во базата во Лозана, каде што в четврток со почеток од 20:15 часот го игра реванш дуелот од второто квалификациско коло од Лигата на Конференциите против истоимениот противник.

Вардар со ноќен лет, во доцните часови пристигна во Швајцарија, а утринава во хотелот ги пречека познато лице.

Некогашниот вардаров член и македонски репрезентативец, Драган Ѓоргиев кој што веќе со години живее во Швајцарија.

Неговата конекција со Вардар е одамна, оние две прекрасни години минати во „црвено – црниот“ дрес, двомечот со Бате Борисов, и што ли уште не…. Вардар му е во срцето на популарниот Гаго и тој не можеше да ги скрие емоциите.

„Вардар е нешто посебно. Го кажав тоа и пред првиот меч во Скопје со Лозана, го кажувам сега и ќе го кажувам секогаш. Овие момци покажаа на Арената што значи да се биде дел од овој клуб. Дека знаат што значи да се носи овој дрес. Верувам во нивен успех, фантастичната игра на Арената дека можат да ја повторат и тука. Со цело срце ќе бидам со нив в четврток. Тие на терен, јас на трибините“ – ни рече Драган Ѓоргиев, при средбата со тренерот Гоце Седлоски утринава во Лозана.

Тие двајца исто така имаат силна конекција. Соработуваа заедно во Хоризонт Турново.
„Гоце Седлоски е тренериште. Се виде тоа веднаш кога ја започнуваше кариерата во Хоризонт. Овие момци имаат многу среќа што можат да учат од него“ – реќе Ѓоргиев.

 

 

ПретходноСе бара вториот позитивен резултат на швајцарско тло, Вардар има златна шанса за историја
СледноШвајцарските медиуми веруваат во пред се во Диакате