Кадетките поразени и од Словачка

105

Македонската женска кадетска репрезентација го запиша вториот пораз на ЕХФ Европското првенство кое се одржува во Црна Гора. Нашите ракометарки беа совладани од Словачка со убедливи 21-34.

Први стрелци во редовите на Македонија беа Беровиќ и Трифуновска со по пет погодоци.

Словачка после првото полувреме водеше со 8-14, иако Македонија во вториот дел беше поефикасна во нападот, сепак одбраната не функционираше.

Нашите ракометарки утре се слободни, последниот меч од групната фаза во играат на втори август против Португалија.

ПретходноПет нови имиња во редовите на Бутел Скопје
СледноЊукасл има нов голман