Аморим го пофали Хојлунд по победата над Борнмут

90
фото: Manchester United (X)

Тимот на Манчестер Јунајтед синоќа во Чикаго на пријателски натпревар обезбеди победа против тимот на Борнмут од 4:1. „Ѓаволите“ изгледаа добро на терен, а еден од погодоците ги постигна Расмус Хојлунд.

Јавноста прави притисок Манчестер Јунајтед да доведе друг шпиц, Шешко е константно во фокусот, па менаџерот Рубен Аморим се обидува на секој можен начин да го заштити Хојлунд.

„Луѓето се фокусираат само на головите, а ние добиваме критики затоа што не постигнуваме доволно голови. Но, тие не се единствените што се важни. Тој игра добро во моментов и можам да видам како ги привлекува противниците со себе и ги поддржува своите соиграчи. Тоа многу ни помага и го гледам како игра сè подобро и подобро. Не знам што ќе се случи додека не се затвори преодниот рок. Важно е што нашите напаѓачи се многу добро во моментов. Тие се развиваат и му помагаат на тимот. Тоа е најважното нешто“, коментира Аморим по пријателскиот натпревар.

ПретходноКалин напредува во 1/4 финалето во Куршумлиjска бања
СледноБарселона покажа сила против Сеул