Ајде Вардаре по ново европско чудо

253

СпортСпорт во Лозана, Огнен Дојчиновски

Вечерва во 20:15 часот на стадионот во Лозана, освојувачот на Купот на Македонија, и воедно најтрофеен наш клуб, тимот на Вардар ќе го одигра реванш дуелот од второто коло од квалифиакциите за Лигата на Конференции против истиомениот домаќин.

Петтопласираниот тим во шампионатот на Швајцарија, во Скопје беше поразен со 2:1, со головите на Омерагиќ и Мато, па сега Вардар во Лозана пристигна со предност за која се надева дека е доволна за минување понатаму.

Овој меч нема да биде лесен. Но на мака се познаваат јунаците. Избраниците на Гоце Седлоски пред себе имаат меч кој треба може многу да донесе, од секаков аспект. Финансиски, организациски, резултатски…. секаков.

Затоа Вардаре вечерва со сите сили кон нов европски успех. Кон успех кој што со златни букви е биде испишан во твојата пребогата историја. Нека оваа вечер во Лозана биде запаметена како онаа во Москва, Истанбул или многуте на Арената во Скопје.

Вардаре, заслужуваш се добро да ти се случи. И ти, сите оние кои ти мислат добро. Сите оние кои ќе се вечерва во Швајцарија, пропатуваа илјадници километри, или пак оние илјадниците пред малите екрани. Направи сите да се чувствуваме горди.

ПретходноЊукасл има нов голман
СледноАмар Хот: „Јас секогаш сум оптимист, можеме да ги минеме, не само оваа, туку и сите други фази“ (ВИДЕО)