СпортСпорт во Лозана, Огнен Дојчиновски
Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Вардар вечерва има задача да го елиминира ривалот од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции. Тоа е тимот на Лозана, кој што во Скопје веќе покажа дека е и тоа како ранлив и победлив затоа што Вардар вечерва на стадионот во Лозана почнува со предност од 2:1 заработени на Арената.
Не дека тоа е гарант за пласман понатаму, но секако дека е сериозен капитал со кој ќе се стартува од првата минута.
Вардар е нашиот најголем претставник во европски рамки низ историјата. Како во бивша Југославија, така и во незавнисна Македонија. Од оние легендарни мечеви против Порто, па преку оние премиерните во самостојната држава против Бекешчаба, Хит Горица, и Бордо да речеме, па се до оние легендарните против Фенербахче и пласманот во групмната фаза од Лигата на Европа.
Е сега, на што е важно да се напомене дека Вардар во минатото знаел да извојува победи на гостински терен и тоа против сериозни, квалитетни противници.
Во редот на победите пред гостински навивачи, вредни да се споменат се онаа победа против ЦСКА Москва, среда Русија од 1:2, и елиминацијата на големиот ривал, а секако и историските 1:2 во Истанбул против Фенербахче кои го донесоа тој огромен успех и групната фаза.
Вардар вечерва има шанса да испише уште една светла страница од своето постоење и битисување во Европа, и сигурни сме дека ќе стори се така и да биде.