Грузија му даде нов договор на поранешниот македонски селектор

217

Поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ и во следните две години ќе биде предводник на националниот тим на Грузија.

Раководството на тамошната федерација нема причина за поинаква одлука кога станува збор за Џикиќ. Тој ќе ја предводи оваа селекција на ЕП 2025 година. За противници ќе ги има селекциите на Шпанија, Италија, Грција, Кипар и Босна, а мечевите ќе се играат во Лимасол.

Во ноември Грузија ќе се обиде да се пласира на СП 2027 година каде покрај Шпанија ќе игра со две екипи кои ќе дојдат од претквалификациите.

ПретходноЈамал и Левандовски се „тепаа“ на тренинг (ВИДЕО)
СледноЛозана е подготвена на се: Тренираме пенали цела недела