Европски куп во џудо за јуниори – СКОПЈЕ 2025

31

Скопје викендов ќе пулсира во ритамот на џудото! Од 2 до 3 август, во Спортската сала „Јане Сандански“, ќе се одржи Европскиот куп за јуниори во џудо – престижен меѓународен турнир во организација на Џудо федерацијата на Македонија кој се бодува за светската ранг листа. Над 300 млади џудисти  од повеќе од 25 земји ќе се борат за бодови и слава на патот кон европските и светските првенства! По одличната организација на Европското првенство за кадети ова е уште еден значаен натпревар што и е доверен на Џудо федерацијата на Македонија, од каде што порачуваат – Бидете дел од големиот спортски настан и почувствувајте ја магијата на џудото!

ПретходноЛозана води со 3:0, на Вардар му е потребен гол за да се врати во игра (ВИДЕО)
СледноВерстапен: Останувам во Ред Бул!