Македонската женска кадетска репрезентација го запиша вториот пораз на ЕХФ Европското првенство кое се одржува во Црна Гора. Нашите ракометарки беа совладани од Словачка со убедливи 21-34.
Први стрелци во редовите на Македонија беа Беровиќ и Трифуновска со по пет погодоци.
Словачка после првото полувреме водеше со 8-14, иако Македонија во вториот дел беше поефикасна во нападот, сепак одбраната не функционираше.
Нашите ракометарки утре се слободни, последниот меч од групната фаза во играат на втори август против Португалија.