Катастрофална вечер за Сараево, за тимот на Стефан Ристовски и Агон Елези кој просто беше декласиран во Романија на реваншот кај Универзитатеа Крајова и тоа со 4:0. Тимот од БиХ имаше предност од првиот меч, но по вечерашната катастрофа, е елиминиран во 2.коло во Лигата на Конференции.
Во натпревар од втората рунда во Лигата на Европа,меѓу Клуж и Лугано, се радуваше Марко Ѓорѓиевски а тагуваше Езѓјан Алиоски. Имено домашниот тим со гол во продолженијата успеа да победи со 1:0 и да оди натаму.
Ѓорѓиевски кај победничкиот тим влезе во игра во 111.минута, а во истата минута Алиоски кај Лугано го напушти теренот.
Кристијан Трапановски беше дел од победата на Данди Јунајтед на гости кај УНА Страсен во Луксембург од 0:1, сосема доволно за пласман понатаму.
Лука Станковски со својот Раднички Крагуевац беше елиминиран од Клаксвик од Ф. Острови откако вечерва српскиот тим како гостин беше поразен со 1:0. Македонцот влезе во игра во 70.минута од мечот.