Лозана е подготвена на се: Тренираме пенали цела недела

179

СпортСпорт во Лозана, Огнен Дојчиновски

Вечерва со почеток од 20:15 часот, тимот на Вардар го игра реванш дуелот од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции против екипата на Лозана на гостински терен.

Во Швајцарија се е подготвено за вечерашниот дуел, Вардар веќе два дена се аклиматизира во својата база во Лозана.

Од друга страна домаќинот далеку од тоа дека е рамнодушен или пак дека е самоуверен како пред првиот меч во Скопје. Лозана има далеку поголеми шанси за неуспех откослку да пројде понатаму.

Веќе во нејзиниот табор не се разговара за победа, туку за изборување на евентуално продолженија  или пак пенали.

„Да, вежбаме пенали цела недела. Подготвени сме на се. Одењето во продолженијата за нас е реална опција, прифатлива опција“ – изјави вчера тренерот на Лозана, Питер Заиглер.

 

ПретходноГрузија му даде нов договор на поранешниот македонски селектор
СледноНавивачите на Шалке пристигнуваат како засилување вечерва во Лозана