Навивачите на Шалке пристигнуваат како засилување вечерва во Лозана

1233

Од Лозана, Швајцарија за Спортспорт, Огнен Чак Дојчиновски

Вечерва во 20:15 часот на стадионот во Лозана, тимот на Вардар го игра реванш дуелот од второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции, против истоимениот противник од Швајцарија.

Вардар во Лозана ја донесе предноста од првиот дуел, поточно од Скопје каде што триумфираше со 2:1, со головите на Мато и Омерагиќ.

Сега, време е за реванш, и на Вардар вечерва ќе му биде потреба сета помош. Бројни навивачи пристигнуваат од Скопје, организирани, дијаспората во Швајцарија и Германија, истото така се мобилизира.

Конечно, Вардар вечерва ќе ја има поддршката и од навивачите на Шалке 04, збратимениот клуб на „Црвено – црните“ кои според нашите информации, исто така ќе пополнат дел од трибините на стадионот во Лозана.

ПретходноЛозана е подготвена на се: Тренираме пенали цела недела
СледноБаснарков: Играчите добро работеле во меѓу сезоната, дојдоа спремни