Нагелсман: Тер Штеген ќе биде бр.1 за Германија само ако биде бр.1 во Барселона!

101
ФОТО:FC Barselona/FB

Познато е што е случува со голманот на Барселона, досегашен капитен Марк – Андре Тер Штеген кој по низата свои нелогични потези се најде во немилост како на тренерот Ханси Флик, но и на сите во клубот, посебно кај претседателот Хоан Лапорта.

И сега не само што нема да биде прв голман, туку Барса сака по секоја цена да се ослободи од него.

Со ова му се прават проблеми и на селекторот на Германија, Јулиен Нагелсман, па можеби затоа и најавите дека наскоро кај “панцерите“ се враќа и Мануел Ноер.

Нагелсман за случајот со Тер Штеген имаше само ова да каже:

Не треба премногу да се коментира. Тер Штеген повторно ќе биде прв голман во репрезентацијата,само ако биде прв голман во Барселона.Тука нема никакви дилеми, тој тоа го знае“.

ПретходноОткако го елиминираа ФЦСБ: 300.000 евра премија ќе поделат играчите на Шкендија!
СледноОсимен пристигна во Истанбул за да го финализира трансферот во Галатасарај