Омерагиќ со порака до Шкендија: Честитки за победата! Продолжете да нѐ радувате, се надеваме на нови европски победи!

383

Шкендија успеа слави среде Букурешт и да оствари историски пласман најмалку во групната фаза или Лигашката фаза во Конференциската лига. Засега продолжува во 3.коло во ЛШ.

Големиот успех на актуелниот македонски првак му го честиташе првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ.

„Шкендија честитки за победата и пласманот во 3. коло од квалификациите за Лига на шампиони.Чекор по чекор, заеднички докажуваме дека во Македонија се игра квалитетен фудбал. Честитки до фудбалерите, стручниот штаб, управата и навивачите на ФК Шкендија.
Продолжете да нѐ радувате. Се надеваме на нови победи во европските натпревари“, се вели во објавата на првиот човек на ФФМ. 

ПретходноШвајцарците опседнати со вештачката трева и со Вардар кој во Скопје покажа што може
СледноЈуниорите сами ќе одлучат за што ќе се борат на ЕП (ЛИНК)