Екипата на Бутел Скопје го подмлади својот состав со триото кадетски репрезентативци – Петар Николоски, близнаците Архангел и Атанасиј Трсунови, но и додаде уште двајца ракометари. Искусниот Благојче Трајкоски ќе биде задолжен за голот на Бутел Скопје, кој на левата бековска позиција ќе го има на располагање Грузијецот Давид Гришикашвили.
Бутел Скопје ќе се подготвува во Скопје, ќе одигра пријателски меч со Вардар во Пехчево, а потоа се потврдени настапите на турнирите во Струга (13-16 август) и Прилеп (21-24 август).