Добри вести од Шпанија. Имено повредата на рамото на Столе Димитриевски и не била толку страшна. Рехабилитацијата од неколку дена и тоа како помогна, па така, барем според најавите од Шпанија нашиот репрезентативен голман од утре повторно ќе биде со своите соиграчи во Валенсија.
Столе е на списокот со играчи кои утре ќе одиграат пријателска средна во Германија со Борусија Менхенгладбах.
Секако дека ова е добра вест и за селекторот Благоја Милевски ако се знае дека веќе за еден месец нашата репрезентација ќе има обврски во квалификациите за СП 2026.
Инаку сеуште не е познат статусот на нашиот голман Димитриевски во Валенсија. Сепак до крајот на преодниот рок може да се случи тој и да замине, секако дека има понуди за него.