Познати се стартните состави: Вардар со Закариќ во тимот!

197

На нешто повеќе од еден час до почетокот на реванш мечот меѓу Лозана и Вардар, познати се стартните состави за кои се одлучија двајцата тренери Петер Цајдлер и Гоце Седлоски.

Најважно за нашиот тим е тоа што во стартниот состав се наоѓа и капитенот Горан Закариќ.

Ова е стартниот состав на Лозана:

Летица, Муанга, Дусене, Окох, Поати, Кустодио, Роше, Диаките, Лекоури, Ајдини, Сене.

За овие единаесетмина се одлучи Гоце Седлоски:

Талески, Јанкулов, Матиќ, Фустин, Маневски, Босанчиќ, Донгмо, Тодоровски, Закариќ, Мато, Омерагиќ.

Да потсетиме дека мечот на стадионот “Тулиер“ во Лозана започнува во 20:15 часот, а Вардар од првиот дуел во Скопје има предност од 2:1.

ПретходноЛукас Пакета е невин!
СледноСтоле ја запроси својата сакана Ирина!