Познати се термините и судиите за двомечот Шкендија – Карабах: Кружлијак во Скопје, Макели во Баку!

409

Откако вчера нашиот шампион среде Букурешт го “среди“ ФЦСБ и оствари историски пласман најмалку во лигашката фаза во Лигата на Конференции, сега сите во таборот на тетовци со мислите се кон двомечот со Карабах, најголемиот клуб од Азербејџан.

Денеска УЕФА не само што ги објави термините на двата меча, туку ги одреди и судиите.

Првиот меч се игра на 5 август (вторник) и тоа на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20 часот.

Главен судија на овој натпревар ќе биде Иван Кружлијак од Словачка. Познат делител на правдата во Европа.

Реваншот се игра на 12 август (среда) на стадионот “Тофик Бахрамов“ во Баку со почеток од 18 часот.

На овој натпревар довербата да ја дели правдата ја доби еден од најдобрите судии во светот Дани Макели од Холандија. Овој судија и е добро познат на македонската јавност, и судел во неколку наврати на нашата А-репрезентација.

Да потсетиме дека во понеделник, на 4 август, во Нион нашиот шампион ќе го дознае својот евентуален ривал во плеј – офот во ЛШ, се разбира ако го мине Карабах. Ако пак не успее во тоа,

тогаш Шкендија ќе игра во плеј – офот во Лигата на Европа.

Како што е познато, Шкендија веќе оствари пласман најмалку во лигашката фаза во Лигата на Конференции.

ПретходноПонуда која не се одбива: Тадиќ во Ц.Звезда за 2 милиони евра по сезона!
СледноПовредата не била толку сериозна: Димитриевски од утре повторно со тимот!