Понуда која не се одбива: Тадиќ во Ц.Звезда за 2 милиони евра по сезона!

215
ФОТО: FSS.COM

Повеќе од сигурно е дека Душан Тадиќ е нов играч на Ц. Звезда. Искусниот играч за врска едноставно не можеше да ја одбие понудата на раководството на српскиот шмпион која изнесува 2 милиони евра, нето. Тука не се сметаат глемиот број бонуси па така тој би заработувал нешто повеќе од 2,5 милиони евра по сезона, нето.

Да потсетиме дека Марко Арнаутовиќ дојде во Белград за 2,5 милиони евра, нето.

Се чини дека Ц.Звезда е решена по секоја цена оваа сезона не само да влезе во лигашката фаза во ЛШ, туку да биде и меѓу оние екипи кои ќе се најдат во елиминациската фаза напролет.

Со Тадиќ, Арнаутовиќ и со сите други квалитетни играчи тоа секако дека е возможно.

ПретходноСениорите на прием кај градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски (ФОТО)
СледноПознати се термините и судиите за двомечот Шкендија – Карабах: Кружлијак во Скопје, Макели во Баку!