Сериозен скандал во Полска: 15 маскирани лица нападнале фудбалери на Нови Пазар

192
Фото: https://www.instagram.com/fknovipazar_official

Делегацијата на фудбалскиот клуб Нови Пазар вчера пристигна во Полска за да го одигра реваншот од второто квалификациско коло за Конференциската лига. Од таборот на овој клуб доаѓаат шокантни вести, српскиот тим бил нападнат пред очите на тамошната полиција.

„За жал, должни сме да ја информираме јавноста дека во вечерните часови се случи сериозен инцидент што ја загрози безбедноста на членовите на нашата делегација. По вечерата околу 15 сомнителни лица во црни дуксери и маски се упатија кон нашите луѓе, што ги натера да се повлечат назад во ресторанот и веднаш да ја повикаат полицијата. За жал, полициската патрола пристигна дури по повеќе од 30 минути, а возилата застанаа на околу десет метри од ресторанот.

Во обид да стигнат до возилото што требаше да ги однесе, членовите на нашата делегација беа подложени на дополнителен напад од група од над 30 маскирани лица кои ги нападнаа членовите на нашата експедиција. Сакаме да истакнеме дека нашите членови во тој момент не носеа никакви белези на клубот. Само благодарение на смиреноста на присутните и, во тој момент, на професионалната реакција на полициските службеници, беа избегнати сериозни инциденти“, се вели во соопштението на клубот кое можете да го прочитате во продолжение.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FK Novi Pazar (@fknovipazar_official)

ПретходноБаснарков: Играчите добро работеле во меѓу сезоната, дојдоа спремни
СледноВардар знае да победува на гости…. се сеќаваме на ЦСКА во Москва, на Фенер во Истанбул (ВИДЕО)