Ете, така се сака Македонија. На стадионот “Тулиер“ во Лозана, вечерва нашиот најтрофеен клуб ќе ја има поддршката од не така мал број фанови. Интересно е тоа што забележавме двајца македонски фанови со дрес на Пелистер како ќе навиваат за Вардар.
Секоја чест и браво и за двајцата, од кои едниот е детенце. Така се учи од мали нозе како се сака својата Македонија.
Вардар и Пелистер се вечни и лути ривали на спортски план, ама кога е во прашање Македонија тука сите сме заедно, без разлика чии сме фанови.
Вечерва цела Македонија е Вардар!