Тренерот на Лозана: И покрај убедливата победа не ни беше лесно, Вардар е добра екипа!

249

Лозана оди натаму во третата квалификациска рунда во Лигата на Конференции, откако вечерва беше подобра и успеа да го победи Вардар убедливо. Секако дека тренерот на швајцарскиот тим Петер Цајдлер беше задоволен од ваквиот исход на мечот, но сепак истакна дека и покрај тие 5:0 не беше се така лесно за неговиот тим:

Дадовме гол за 1:0, а потоа Вардар веднаш имаше шанса да израмни. Благодарение на добрата одбрана на нашиот голман, резултатот не беше 1:1. Тоа беше многу важно, затоа што ако Вардар погодеше за израмнување, можеше да се случи тие да се разиграат. Се плашевме дека може да има реакција од Вардар. Дури после четвртиот гол бевме ослободени дека ја завршивме работата“, вели предводникот на Лозана, Цајдлер. 

Тренерот на Лозана вели дека резултатот од 5:0 не треба да залажува дека било лесно на теренот.

Вардар е добра екипа, знае да игра фудбал. Најважно е што после првиот даден гол, психолошката предност беше на наша страна“

ПретходноСедлоски: Овој настап во Европа беше награда за нас, знаете добро каде беше Вардар пред неколку месеци!
СледноЛЕ и ЛК: Дебакл на Ристовски и Елези, Ѓорѓиевски се радува а Алиоски тагува…