Амар Хот е дел до тимо кој ќе има веројатно доста тешка задача во претстојните дуели од претквалификациите, прво оној на 2. август во Куманово, против селекцијата на Романија, а потоа и оние наредните, во продолжението од мечевите во групата „Е“, против Унгарија на гостински терен.
Како секогаш во неговите зборови има многу висока доза на оптимизам, така е и овој пат:
„Моментално ова е најмладиот состав мислам на сите досегашно сениорски репрезентации. И чувството да се дели паркетот со млади играчи со кои што сум ги поминал младинските категории е навистина феноменално. Заедно со нив и како и со некои поискусни играчи како што се Магдевски и Мекиќ, Вајли, и вистинско задоволство да се биде дел од овој тим.
Подготовките ги поминавме многу добро, одлично се согласуваме со стручниот штаб. Без оглед на тоа што периодот за подготовките е со доста краток рок, се надевам дека ќе го направиме тоа што посакуваме и е наша цел, да одиме понатаму“.
Доаѓаат Романија и Унгарија, важат за квалитетни противници, ги анализиравте ли противниците или повеќе овие подготовки бевте фокусирани на нашата игра?
„Во досегашниот дел од подготовките многу повеќе бевме фокусирани на нашата игра. Секако, секој ден се повеќе и повеќе напредувавме во таа насока која треба да нè донесе до добар резултат. Заедно со луѓето од стручниот штаб ќе ја анализираме прво Романија, одиме чекор по чекор“
Силното крило во нашиот национален тим верува дека можеме да ја поминеме „Е“ претквалификациската група.
„Јас секогаш сум оптимист, секако дека можеме да ги минеме, не само оваа, туку и сите други фази од претквалификациите“ – порачува Хот.