Барселона покажа сила против Сеул

103

Тимот на Барселона во вториот пријателски меч обезбеди висока и убедлива победа од 7:3 против тимот на Сеул.

Каталонскиот клуб во моментов се наоѓа на турнеја во Азија, а по мечот со Осака во Јапонија, сега на ред дојде тимот од Јужна Кореја.

Во првите петнаесет минути Левандовски и Јамал донесоа водство од 0:2. Противникот дојде до 2:2, за да Јамал пред полувреме постигне гол за 2:3.

Во вториот дел Кристенсен, Торес, Гави, Торес нанижаа погодоци додека Јунг Хан Мин за Сеул ги постигна конечните 7:3.

 

 

ПретходноАморим го пофали Хојлунд по победата над Борнмут
СледноДобра игра, но пораз од Израел: Јуниорите ќе се борат за опастанок!