И дефинитивно, и официјално, Макс Верстапен останува во Ред Бул и ќе вози за овој тим во 2026 година. Во изминатите недели па и месеци имаше многу шпекулации околу неговото преселување во Мерцедес, меѓутоа, пред трката во Унгарија, Верстапен потврди дека останува во Ред Бул:
„Работата е што луѓето зборуваат толку многу во текот на целата сезона, додека единствениот што може или треба да зборува, не зборува. Тоа сум јас. И го правам тоа намерно затоа што нема смисла да се почнува да се фрлаат работи наоколу, а всушност треба да биде исто за сите. Некои луѓе едноставно сакаат да ги мешаат работите, некои луѓе едноставно сакаат да создаваат драма. Но, за мене, секогаш е прилично јасно, и за следната година. Веќе разговарам со тимот за плановите, работите што сакаме да ги промениме за следната година. Тоа значи дека ќе останам со тимот и следната година.“