Добра игра, но пораз од Израел: Јуниорите ќе се борат за опастанок!

106
Фото: ФИБА

Македонската јуниорска репрезентација го одигра најдобриот меч на Европското првенство, но за жал тоа не беше доволно за прва победа. Иако нашите момци се покажаа во поинакво светло сепак беа поразени од Израел со 85-73. Петтиот пораз значи дека Македонија ќе се бори за да опстане во елитата, но за тоа ќе треба да ги доби следните два меча.

Израел поведе со 26-16 по првата четвртина. Следниот период противиникот го доби со 23-22 за 49-38 на одморот. Нашите момци одиграа добро и изедначено во третиот период (22-22), а во последната четвртина на момент успеаја да се вратат од негатива од 12 поени 73-61. Со серија од 10-2 се доближија на 75-71, но немаа доволно сили за целосен пресврт. Израел во самиот финиш ја врати двоцифрената разлика (84-73) за крај на сите надежи.

Данев со 23 поени и 8 скока беше прв стрелец, зад него беше Јаничиќ имаше 16 поени и 7 скока.

ПретходноБарселона покажа сила против Сеул
СледноПет нови имиња во редовите на Бутел Скопје