СпортСпорт во Лозана, Огнен Чак Дојчиновски
Освојувачот на Купот на Македонија и овогодинешен наш претставник во квалификациите за Лигата на Конференции, екипата на Вардар ги заврши европските настапи летово. „Црвено – црниот“ состав вечерва во Лозана против истоимениот противник загуби со 5:0 и на тој начин беше анулирана предноста која нашиот претставник ја имаше од првиот меч, а таа гласеше 2:1.
И покрај големата желба вечерва да се одигра како во Скопје и да се одбрани таа предност сепак тоа не се случи. Вардар имаше свои моменти на овој дуел, онаа зицер ситуација при домашното водство од 1:0, која не беше искористена. Очигледните судиски грешки, кои беа особено видливи при активниот резултат на овој меч во голема мера влијаеа на конечниот исход, но сепак, тоа ќе го оставиме на совеста на оние кои вечерва ја делеа правдата во Лозана. Вардар своето го одигра летово во Европа и треба да биде горд на сето она што го направи.
Дусен носи домашно водство
Можеби се ќе беше поинаку ако ситуацијата во домашниот шеснаесетник на стартот на мечот во која Босанчиќ имаше контакт со домашниот дефанзивец беше окарактеризирана како пенал. Сепак, главниот судија остана нем, и ќе остане засекогаш дилемата дали имаше најстрога казна или не.
Во 16. Минута Лозана дојде до водство преку Дусен, а на изведениот корнер на Кустодио. Добро нафрлената топка на првиот дирек, а Талески беше немоќен. Вардар по само две три минути ја имаше шансата на мечот. Роџерс Мато избега по таа негова лева страна, влезе во шеснесетникот и биеше кон голот на Летица. Многу слично како оние ситуции кои ги имаше во Скопје. Овојпат хрватот ја одби топката на петерецот, таму Азер Омерагиќ во скок се обидува со глава, но за жал сантиметри покус за да ја зафати топката како што треба.
Сене двоен стрелец за 3:0
Во продолжението на полувремето, две ситуации пред голот на Вардар направија домаќинот да поведе не со два туку и со три гола разлика. Во главна улога Мамаду Кали Сене кој што на два пати и избега на вардаровата одбрана и на два пати рутински го матираше Талески. Кобни беа 33. односно продолжението на првиот дел.
Ајдини само ја потврди домашната победа, Траоре погоди за 5:0
Во 55. минута, домаќинот искористи уште една мешаница во шеснаесетникот на Вардар. Талески одби еден удар на петерецот, а таму Албан Ајдини успеа да реализира за веќе високо водство на Лозана. Во 85. минута од мечот, дваесетогодишниот Сеиду Траоре ги постави конечните 5:0 на овој меч.
ЛОЗАНА – ВАРДАР 5:0 (3:0)
Вкупен резултат: 6:2
Стрелец: Дусен 16’, Сене 33’, Сене 45+, Ајдини 55’, Траоре 84. (Л)
ЛОЗАНА (4-3-1-2): Летица; Муанга, Дусен, Окох, Поати; Диаките, Сене, Кустодио; Лекоери; Роче, Ајдини
ВАРДАР (4-4-2): Талески; Јанкулов (Спахиу 60’), Матиќ, Фаустин, Маневски (Оласебикиан 72’); Тодоровски (Кастањеда 46), Донгмо, Босанчиќ (Дурански 84′), Закариќ, (Данев 60’), Омерагиќ, Мато