ЛЕ и ЛК: Дебакл на Ристовски и Елези, Ѓорѓиевски се радува а Алиоски тагува…

848
FK Sarajevo/FB

Катастрофална вечер за Сараево, за тимот на Стефан Ристовски и Агон Елези кој просто беше декласиран во Романија на реваншот кај Универзитатеа Крајова и тоа со 4:0. Тимот од БиХ имаше предност од првиот меч, но по вечерашната катастрофа, е елиминиран во 2.коло во Лигата на Конференции.

Во натпревар од втората рунда во Лигата на Европа,меѓу Клуж и Лугано, се радуваше Марко Ѓорѓиевски а тагуваше Езѓјан Алиоски. Имено домашниот тим со гол во продолженијата успеа да победи со 1:0 и да оди натаму.

Ѓорѓиевски кај победничкиот тим влезе во игра во 111.минута, а во истата минута Алиоски кај Лугано го напушти теренот.

Кристијан Трапановски беше дел од победата на Данди Јунајтед на гости кај УНА Страсен во Луксембург од 0:1, сосема доволно за пласман понатаму.

Лука Станковски со својот Раднички Крагуевац беше елиминиран од Клаксвик од Ф. Острови откако вечерва српскиот тим како гостин беше поразен со 1:0. Македонцот влезе во игра во 70.минута од мечот.

ПретходноТренерот на Лозана: И покрај убедливата победа не ни беше лесно, Вардар е добра екипа!
СледноАтлетико (М) не застанува, блиску е до потпис со Распадори