Во рамките од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции, освојувачот на Купот на Македонија, Вардар во моментов го игра реванш дуелот против тимот на Лозана на гостински терен во Швајцарија.
На полувреме резултатот е 3:0. Домаќинот поведе преку голот на Дусен во 16. Минута по добро изведениот корнер на Кустодио.
Веднаш по тоа, по само две три минути игра, Вардар имаше зицер ситуација пред домашниот гол.
Роџерс Мато успеа да избега по својата лева страна влезе во свој карактеристичен стил во шеснаесетникот, шутираше но само во голманот Летица.
Одбиената топка стигна до Омерагиќ кој со глава сепак не успеа да реагира најдобро и шансата пропадна.
Во 33. Минута Сене искористи една грешка на потесната одбрана на Вардар, излезе сам пред Талески и убаво погоди во спротивнииот агол за двојно водство.
Во последната минута од судиското продолжение на првиот дел стрелецот на вториот гол за Лозана, Сене, уште еднаш ја измами одбраната на Вардар и погоди веќе за домашни водство
ЛОЗАНА – ВАРДАР 3:0
Стрелец: Дусен 16’, Сене 33’ Сене 45+(Л)
ЛОЗАНА (4-3-1-2): Летица; Муанга, Дусен, Окох, Поати; Диаките, Сене, Кустодио; Лекоери; Роче, Ајдини
ВАРДАР (4-4-2): Талески; Јанкулов, Матиќ, Фаустин, Маневски; Тодоровски, Донгмо, Босанчиќ, Закариќ; Омерагиќ, Мато