Пелистер со победа на последниот подготвителен меч!

147
ФОТО: FC Pelister Bitola/FB

Пелистер со 1:0 успеа да го победи Корику, тим од Косово во меч одигран попладнево на стадионот во Струга. Стрелец на голот беше Мирко Ивановски од пенал во 45.минута.

Ова беше и “генералка“ за четата на стратегот Димитар Капинковски во пресрет на стартот на новата 2025/26 сезона во ПМФЛ.

Познато е дека битолчани својот прв меч ќе го одиграат во Скопје кај Вардар во “Дербито на Македонија“.

Новата сезона не можеше да започне на подобар начин.

ПретходноНапред Вардар: Четата на Седло го започна загревањето!(ВИДЕО)
СледноВардар, Вардар….ечи од трибините во Лозана!(ВИДЕО)