Пресврт: Донарума останува во ПСЖ, ама може да биде резерва?!

138
ФОТО: FC PSG/FB

Се чини дека не е баш така како во рајот во ПСЖ. Прво беше оној дебакл од Челзи во финалето на СКП, а после следуваше “приказната“ за Џиџи Донарума, кој не криел дека сака да си оди незадоволен од понудата на европскиот првак за продолжување на договорот.

Актуелниот му истекува во јуни 2026, а ПСЖ му понудил максимум 10 милиони евра. Италијанецот не бил задоволен со тоа и побарал трансфер уште ова лето. Тоа му го кажал и на стратегот Луис Енрике.

Шпанскит стратег веднаш дал виза да се донесе Лук Шевалие, за да после откако видел што направил, Донарума посочил дека тој е среќен во Париз и дека нема намера да си оди.

На тоа кажано му било дека ако сака да остане може да го стори тоа, но не треба да се надева автоматски на првотимскиот статус.

Од друга страна на ПСЖ сега повеќе му одговара да го продаде Донарума па макар и за едно евро што се вели, ако се знае дека треба да плати најмалку 15 милиони евра годишно на име на плата на голман кој е резерва.

Ова веќе станува вистинска сага.

ПретходноВардар, Вардар….ечи од трибините во Лозана!(ВИДЕО)
СледноЛозана води со 3:0, на Вардар му е потребен гол за да се врати во игра (ВИДЕО)