Сега се е познато: Ова се можните ривали на Шкендија во плеј-офот во Лигата на Шампионите! (ФОТО)

1413
ФОТО: KF Skendija/FB

Откако синоќа среде Букурешт го победи ФЦСБ и оствари историски успех, пласман најмалку во група или лигашка фаза во ЛК, Шкендија во третата квалификациска рунда во ЛШ ќе игра со Карабах.

Ако го мине Карабах тогаш ќе игра во плеј – офот во Лигата на Шампионите, ако пак не успее во тоа тогаш ќе игра во плеј – офот во Лигата на Европа.

Секако дека цела јавност во Македонија верува дека Шкендија ќе може да дојде до епски успех и против тимот од Азербејџан.

Инаку на 4 август (понеделник) во Нион ќе се одржи ждрепката за плеј -офот во ЛШ, и Шкендија ќе биде во барабанот на неносители.

Ќе нема подгрупи и веќе се знаат евентуалните или можните ривали на Шкендија.

Тоа се Бодо/Глимт, победникот од двомечот Копенхаген – Малме, победникот од двомечот Ц. Звезда – Лех Познањ, победникот од двомечот Ференцварош – Лудогорец и Селтик.

Значи Шкендија ако го мине Карабах ќе игра со една од овие екипи за влез во групната фаза во ЛШ или по ново Лигашката фаза.

Делува нестварно, ама така е. Синоќа во Букурешт, според медиумите во Европа се случи најголемата сензација досега во ЛШ ова лето.

Нема што, Шкендија ја живее својата бајка.

Да, Шкендија по Вардар е само вториот клуб од Македонија која ќе игра групна фаза во едно европско натпреварување.

ПретходноОсимен пристигна во Истанбул за да го финализира трансферот во Галатасарај
СледноЈамал и Левандовски се „тепаа“ на тренинг (ВИДЕО)