Седлоски: Овој настап во Европа беше награда за нас, знаете добро каде беше Вардар пред неколку месеци!

601

Вардар го заврши својот настап во Европа и тоа во Лозана вечерва. Пораз од силната Лозана од 5:0, со која се стави крај на ова европско лето.

Не смее да има разочарување, никако, па сите ние знаеме каде беше Вардар до пред половина година.

Ова ќе биде поука за натаму, во секој случај.

По мечот стратегот на Вардар, Гоце Седлоски имаше свој коментар:

Честитки за Лозана за заслужената победа и тоа што одат понатаму. Доста тежок резултат за нас како клуб, за мене како тренер, за играчите, за навивачите, за сите. Во првите 15 минути игравме добро, но после првиот гол тотално ни се растури играта. Тим како Лозана тоа не го простува, секоја шанса ја претворија во гол. “

На прашањето дали проблем беше вештачката трева:

Дали беше тоа вештачката трева или полетавме по резултатот што го направивме во Скопје, не знам. Знаевме дека Лозана има одлични играчи. Ние завршивме во Европа, на Лозана им посакувам многу успех понатаму“

Секако дека имаше што да дополни:

Овој настап во Европа беше награда за нас, затоа што знаете каде беше Вардар до пред неколку месеци. сега почнува првенство, Купот, доби предизвици се пред нас“

ПретходноУЕФА го казни ПСЖ со 150.000 евра!
СледноТренерот на Лозана: И покрај убедливата победа не ни беше лесно, Вардар е добра екипа!