Сениорите на прием кај градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски (ФОТО)

94
ФОТО: KFSM.MK

Првиот човек на Куманово побара победа на нашиот тим, одговорот е дека ќе има борба до последниот атом на енергијата.

Одморот помеѓу двата тренинга во Куманово, нашите најдобри кошаркари го искористија да ја прифатат понудата која на нивната „адреса“ ја испрати кабинетот на градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Нашиот сениорски тим, стручниот штаб, предводени од претседателот на нашата федерација, Томе Главчев, во доста релаксирана атмосфера, порачаа дека од првиот до последниот човек во тимот, ќе се борат, да дојдат до првата победа во претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар.

Секако, на радост на публиката во Куманово, која на 2. август, ќе има убава прилика, освен што ќе ги бодри нашите момци, да се запознае со она што во овој момент го нуди видно реновираната спортска сала во Куманово, која со овој кошаркарски натпревар, и официјално ќе биде отворена за сите спортски активности.

ПретходноАмар Хот: „Јас секогаш сум оптимист, можеме да ги минеме, не само оваа, туку и сите други фази“ (ВИДЕО)
СледноПонуда која не се одбива: Тадиќ во Ц.Звезда за 2 милиони евра по сезона!