Сега веќе нема дилеми. Лионел Меси, најдобриот фудбалер на сите времиња наскоро и официјално ќе потпише нов договор со Интер Мајами, и тоа до 2028 година. Значи на три години.
Сепак условите се несекојдневни. Имено тој ќе може истиот да го раскине кога сака без да има никакви последици за него.
Се шпекулира дека по завршување на договорот во декември 2028 година, тој ќе остане во клубот од Мајами, но како еден од раководните луѓе.
Останува да се види дали ова што се пренесува во медиумите во Шпанија е навистина така.
Да споменеме дека на Леси сегашниот договор му истекува во декември оваа година. Се шпекулираше со враќање во Барселона, па некои беа несериозни па го “праќаа“ во Комо, секако Саудиска Арабија секогаш спремна да искешира тешки милиони, но Меси одлучил да остане на Флорида.