Петок ќе биде ден за фудбалско уживање: Од 20 часот на Арената играат Вардар – Пелистер, под Шара од 17 часот Шкендија – Шкупи!

3305

И официјално во петок (8 август) стартува новата сезона 2025/26 во ПМФЛ. И тој ден ќе биде ден за вистинско фудбалско уживање.

На Националната Арена “Тодор Проески“ од 20 часот се игра “Дербито на Македонија“ меѓу Вардар и Пелистер, а претходно од 17 часот под Шара се среќаваат Шкендија и Шкупи. Ова го потврдуваат и од Фудбалската федерација на Македонија:

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига започнува во петок, 8. август, со две големи пресметки.

Во Тетово, Шкендија и Шкупи 1927 од 17:00 часот ќе ги одмерат силите во една од дерби пресметките од воведното коло во Прва МФЛ. 

Само неколку часа подоцна, во Скопје, Вардар и Пелистер, вечните ривали, ќе се сретнат на Националната арена „Тодор Проески“. Почетокот е закажан за 20:00 часот. 

РАСПОРЕД – 1. КОЛО (2025/26):

петок, 8. август

Шкендија – Шкупи 1927 | 17:00 | градски стадион, Тетово

Вардар – Пелистер | 20:00 | Национална арена „Тодор Проески“, Скопје

сабота, 9. август

Башкими 1947 – Аресими 1973 | 17:30 | стадион Башкими, Куманово

Струга Трим Лум – Македонија ЃП 1932 | 17:30 | Стадион Караорман, Струга

недела, 10. август

Тиквеш 1930 – Работнички | 17:30 | градски стадион, Кавадарци

понеделник, 11. август

Силекс – АП Брера Струмица | 17:30 | стадион Силекс, Кратово

ПретходноШкендија ги пушти во продажба билетите за мечот со Карабах!
СледноИвановски запрен во четвртфиналето во Куршумлијска Бања!